• недела, 24 ноември 2024

Амбасадорката Брнз во посета на Гостивар

Амбасадорката Брнз во посета на Гостивар
Гостивар, 18 февруари 2022 (МИА) - Амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз денеска во рамки на посетата на Општина Гостивар се сретна со градоначалникот Арбен Таравари, при што на средбата се разговарало за идните проекти на локално ниво и актуелната политичка состојба во државата. - Разговаравме за последниот мандат во Општина Гостивар, за локалните избори и за наредниот период за нашите инвестициски планови на локалната самоуправа, за заедничките инвестиции што ги направивме со САД и нивната помош за Општина Гостивар. Тема на разговор беа политичките прашања и актуелната состојба, изјави по средбата градоначалникот Таравари. Гостинката и домаќинот го посетија и Центарот за млади, каде учестуваа на дебата на тема корупцијата и заедница. - Во рамките на Центарот во изминатиот период спроведовме неколку дебати на различни теми. Денеска во рамките на овој настан ќе зборуваме за корупцијата и предизвиците како и за тоа што ние како граѓани, членови на оваа заедница, можеме да направиме за да ја спречиме корупцијата која не загрижува сите, изјави Сефер Селими, основач на Центарот за млади и заедницата. згм/вг/

Остани поврзан