• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Амбасадори на неколку држави во посета на Дебар на иницијатива на албнскиот амбасадор Меидани

Амбасадори на неколку држави во посета на Дебар на иницијатива на албнскиот амбасадор Меидани

Дебар, 27 февруари 2025 (МИА) – По иницијатива на албанскиот амбасадор во нашата земја, Деноин Меидани, во неформална посета на општина Дебар престојуваа амбасадорите на Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз, на Чешка, Јарослав Лудва, на Италија, Паоло Палминтери и на Унгарија, Андраш Клаин.

-Моја цел беше да се запознаат со Дебар и да ги согледаат можностите каде може да помогнат. Голема благодардност до градоначалникот Хекуран Дука за срдечната средба, кусо рече Миедани.

Багодарност за посетата искажа Дука, кој како што рече гостите ги запознал со главните карактеристики на општината, за соживотот на жителите од повеќе националности, а разговарале и околу можносите за инвестирање.

-Чест е што дипломати од вака високо ниво покажаа интерес за нашиот град и денеска го посетија, што до сега не се случило а сето тоа благодарение на иницијативата на амбасадорот Меидани. Разговаравме за економскиот развој при што кажав дека нови преспективи гледаме со пуштањето во целосна функција на автопатот „Патот на Арбр“. Ќе продолжиме со промовирањето на Дебар преку соработката со нашите пријатели во ЕУ и САД, рече Дука.

Шпанскиот амбасадор Ортиз изјави дека денеска многу нешта дознал за Дебар, посебно за добрите меѓуетнички односи.

Унгарскиот амбасадор Клаин рече дека градоначалникот Дука го запознал со проектите добиени преку владата од унгарскиот кредит и нагласи дека добарата соработка меѓу двете земји ќе продолжи.

Амбасадорите, кои беа придружувани и од Муса Џафери, во рамки на посетата на Дебар го посетија и етнолошкиот музеј во градот. вт/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан