• четврток, 19 декември 2024

Амбасадорите на Германија и на Франција без коментар за политичката состојба во земјава

Амбасадорите на Германија и на Франција без коментар за политичката состојба во земјава
Битола, 12 ноември 2021 (МИА) - Францускиот амбасадор во Северна Македонија Сирил Бомгартнер и германската амбасадорка Анке Холштајн, утрово на прес - конференција во Битола, не одговорија на новинарски прашања врзани за актуелната општествено политичка состојба во земјава. Според нив, фокус тема за престојот во Битола е одбележување на годишнината од примирјето на Франција и Германија, по крајот на Првата светска војна. - Не сакам да навлегувам во генерални коментари за состојбата во земјава и посебно за политичката состојба. Денеска во Битола го одбележуваме помирувањето и зближувањето меѓу Франција и Германија, одговори францускиот амбасадор Бомгартнер. На средбата со новинарите, германската амбадорка Холштајн на идентично прашање посочи дека денешниот ден го посветува на денот на примирјето и сеќавањето, насочени кон подобра иднина. Францускиот и германскиот амбасадор утрово имаа прием кај новоизбраниот градоначалник на Битола Тони Коњановски. мт/цр/

Остани поврзан