• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Амбасадата на Шведска во земјава изрази жалење за трагичната загуба на животи во Кочани

Амбасадата на Шведска во земјава изрази жалење за трагичната загуба на животи во Кочани

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Амбасадата на Шведска во земјава изрази жалење за трагичната загуба на животи по пожарот во Кочани.

- Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства и најблиските. Нашите мисли се исто така со сите други засегнати и сите оние кои сега работат на помош и поддршка, стои во објавата на шведската Амбасада на Фејсбук.

Според последните информации, 51 лице загина, а 152 се хоспитализирани во пожарот што изби во раните утрински часови во дискотеката „Пулс“ во Кочани. нд/бак/

Фото: ФБ

Остани поврзан