• петок, 20 декември 2024

Амбасадата на Италија и ЦЕИ го презентираа повикот на „KEP 2022“

Амбасадата на Италија и ЦЕИ го презентираа повикот на „KEP 2022“
Скопје, 27 мај 2022 (МИА) - Амбасадата на Италија во Скопје и Централно европската иницијатива денеска го презентираа повикот за поднесување предлог проекти во рамките на програмата за размена на знаења со наслов „Know-how Exchange Programme“ - KEP за 2022 година. - Оваа иницијатива е финансирана од Италија во рамките на фондот формиран во Европската банка за обнова и развој во склоп на Централно европската иницијатива. Намерата е да го поддржи трансферот на знаење меѓу земјите членки на ЦЕИ помеѓу земјите кои се, и кои не се во ЕУ, со цел да се забрзаат реформите и да се поттикне интеграцијата во ЕУ, нагласи италијанскиот амбасадор во Скопје, Андреа Силвестри во изјава за МИА. Тој потенцираше  дека иницијативата во основа се базира на обезбедување на грантови за институционално пренесување на добри практики. - Постои силна традиција овде во Северна Македонија за аплицирање за оваа програма, првиот проект што се пласира беше токму овде во Северна Македонија и оттогаш имавме многу билатерални и мултилатерални проекти, додаде Силвестри. Програмскиот менаџер на ЦЕИ фондот на ЕБОР, Елизабета Довиер, информираше дека фондот на Централно европската иницијатива при ЕБОР е финансиран од Италија. - Ваквите платформи се отворени и за невладините, но и за меѓународните организации. Обезбедуваме до 40.000 евра за проекти за соработка, а партнерствата треба да ги обезбедат и останатите 50 отсто од максималниот износ за проектот од 80.000 евра, објасни Довиер. Активностите на ЦЕИ се одвиваат во секторите на јавното сметководство, животна средина, култура, економски активности, емиграција и многу други. Повикот за предлози ќе трае до 13 јуни, а добитниците ќе бидат објавени на есен. Од 2004 до денес, финансирани се вкупно 129 проекти со вкупен придонес на Фондот на ЦЕИ од над 3,7 милиони евра. сх/ац/

Остани поврзан