• недела, 24 ноември 2024

Амбасадата на Германија донираше противпожарна опрема на доброволните противпожарни друштва од Кавадарци и Неготино

Амбасадата на Германија донираше противпожарна опрема на доброволните противпожарни друштва од Кавадарци и Неготино
Кавадарци, 7 септември 2022 (МИА) - Амбасадата на Сојузна Република Германија денеска донираше заштитна противпожарна опрема за доброволните противпожарни друштва „Сашко Гешовски“ од Кавадарци, и „Повардарец“ од Неготино. Станува збор за 50 противпожарни одела за чија набавка од страна на Амабасадата на Германија во Скопје, беа издвоени средства во висина од 737.972 денари. -Овој проект има за цел да ги подигне капацитетите на доброволните противпожарни друштва преку подигнување на нивото на опрема и подготвеност на овие здруженија за помош во случај на пожари и други кризни состојби. Голема благодарност за оваа донација која за нас е од големо значење и секако се надевам дека и во иднина ќе продолжиме континуирано да соработуваме, рече кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф исто така изрази задоволство од соработката и изрази надеж дека нема да има ситуации во коишто ќе се користи оваа заштитна противпожарна облека. Благодарност за донацијата изрази и неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. свд/ки/

Остани поврзан