• четврток, 26 декември 2024

„Амазон“ го почнува својот најголем проект за обновлива енергија

„Амазон“ го почнува својот најголем проект за обновлива енергија
Амстердам, 9 февруари 2021 (МИА) - Американската компанија „Амазон“ постигна договор за набавка на 380 мегавати енергија од „Холандсе курст норд“ - ветерна електрана на крајбрежјето на Холандија. Ветерната електрана ја раководи „Кросвинд", конзорциум на „Ројал дач шел“ и „Eнeкa“ и сопственост на јапонскиот „Мицубиши“. Според „Амазон“, овој проект наречен „Амазон-Шел ХКН“, е нивниот „најголем проект за обновлива енергија“ на едно место. Се очекува дека ветерниот парк ќе проработи до 2023 година, со инсталиран капацитет од 759 мегавати. Најавата говори дека „Амазон“ ќе купува 20 отсто од вкупната моќност, почнувајќи од 2024 година за своите потреби во Европа. Со овој проект, „Амазон“ е чекор поблизу до целта да стане компанија со 100 насто обновлива енергија до 2025 година. „Амазон“ во 2020 година стана најголемиот корпоративен купувач на обновлива енергија, најавувајќи 127 проекти во областа на соларната и ветерна енергија од 6,5 гигавати до 10 декември 2020 година. си/сд/

Остани поврзан