• недела, 24 ноември 2024

Амазон вложува пет милијарди долари во нов „облак“ склад во Нов Зеланд

Амазон вложува пет милијарди долари во нов „облак“ склад во Нов Зеланд
Велингтон, 23 септември 2021 (МИА) - Одделот за „облак“ услуги за складирање податоци на Амазон ќе гради ново виртуелно подрачје во Нов Зеланд. Ова го соопшти министерот за дигитална економија и комуникации на оваа земја - Дејвид Кларк. „Амазон е втората најголема технолошка компанија во светот и, сега, вложува во создавање „облак“ на Нов Зеланд. Ова ќе поттикне раст на националниот дигитален сектор и натамошно закрепнување на економијата на земјата по пандемијата на Ковид-19. Вкупната инвестиција на Амазон ќе биде околу 7,5 милијарди новозеландски долари (околу 5,2 милијарди американски долари), што покажува високо ниво на доверба од меѓународната бизнис-заедница“, се вели во соопштението на Кларк, објавено на интернет-страната на Министерството. Тој, исто така, истакна дека изградбата на нови центри за складирање податоци ќе создаде и нови работни места за тамошното население. „Технологиите за облак ќе играат важна улога во развојот на дигиталната економија на Нов Зеланд и проширувањето на дигиталните јавни услуги“, вели тој. си/сд/

Остани поврзан