• сабота, 27 јули 2024

Ал Џезира: Утре продолжуваат домашните летови од аеродромот во Кабул

Ал Џезира: Утре продолжуваат домашните летови од аеродромот во Кабул
Дубаи, 2 септември 2021 (МИА) - Домашните летови од аеродромот во Кабул ќе продолжат од утре, јави денеска каналот Ал Џезира, цитирајќи официјален претставник на авганистанската цивилна авијација. Официјалниот претставник додаде дека очекува дека „ќе биде потребно време“ за обновување на меѓународните летови. Ал Џезира претходно објави дека технички персонал од Катар ја проценува штетата на аеродромот и планира „наскоро“ да го врати во оперативна состојба.

Остани поврзан