• среда, 18 март 2026

Ал Шара вети поддршка за Либан во врска со Хезболах

Ал Шара вети поддршка за Либан во врска со Хезболах

Дамаск, 9 март 2026 (МИА) – Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара вети поддршка за Либан во разоружувањето на проиранскиот Хезболах, пренесе ДПА.

Тој ја даде изјавата за време на видео-конференција со претставници на ЕУ и други лидери во регионот, јави денеска државната новинска агенција САНА.

Според извештајот, ал-Шара изразил целосна поддршка за „сериозните и одлучни чекори преземени од владите на Ирак и Либан за заштита на нивните нации од тековното насилство“.

Актуелната ескалација претставува егзистенцијална закана за целиот регион, додал тој.

Ал Шара рекол дека Сирија координирала со регионалните партнери и ја зајакнала својата гранична безбедност за да спречи конфликтот да се прелие на сириска територија. Сириската војска го засили своето присуство по должината на либанската и ирачката граница, додаде тој.

Проиранската милиција Хезболах беше клучен сојузник на долгогодишниот сириски владетел Башар ал-Асад пред неговиот пад кон крајот на 2024 година.

Откако дојде на власт, новата сириска влада се обидува да го ограничи влијанието на Иран, уште еден важен поранешен сојузник на Асад. Либанската влада е под притисок да го разоружа Хезболах, кој е вклучен во нов конфликт со Израел.

Израелската војска повторно почнува масивни напади во јужен Либан и Бејрут, додека ситуацијата на Блискиот Исток ескалира по американско-израелскиот напад врз Иран пред десетина дена. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан