• сабота, 23 ноември 2024

Ал Малики: Ситуацијата во Газа е резултат на неуспехот на меѓународната заедница да ја заштити Палестина

Ал Малики: Ситуацијата во Газа е резултат на неуспехот на меѓународната заедница да ја заштити Палестина

Њујорк, 29 ноември 2023 (МИА) – Шефот на дипломатијата на Палестинската управа, Ријад ал-Малики, денеска на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации изјави дека состојбата во Појасот Газа е резултат на неуспехот на меѓународната заедница да ја заштити Палестина. 

-Потребна ни е меѓународна заштита и акција на меѓународно ниво за да се стави крај на неказнивоста и да се спречи повторувањето на овие злосторства што се случуваат секој ден и среде бел ден, рече Ал Малики, посочувајќи дека она што сега го доживува палестинскиот народ е резултат на неуспехот на меѓународната заедница да обезбеди соодветна заштита, пренесоа агенциите.

Палестинскиот министер за надворешни работи повика да се стави крај на масакрот во Газа, додавајќи дека бројот на жртвите од израелските напади надмина 15.000 лица. 

-Регионалната ескалација не може да се избегне без прекин на израелските напади врз палестинскиот народ во Газа. Се наоѓаме на историски крстопат, посочи тој, додавајќи дека Палестинците се соочуваат со „егзистенцијална закана“. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан