• среда, 25 декември 2024

Ал-Хути: Ќе го гаѓаме секој брод што ќе се упати кон израелските пристаништа

Ал-Хути: Ќе го гаѓаме секој брод што ќе се упати кон израелските пристаништа

Сана, 16 мај 2024 (МИА) - Водачот на јеменската бунтовничка група Хути, Абдулмалик ал-Хути, денеска изјави дека членовите на групата ќе го гаѓаат секој брод, од која било компанија, кој се движи кон израелските пристаништа, во која било област до која ќе стигнат.

Тој во телевизискиот говор истакна дека нивните напади нема да бидат ограничени само на регионот на Црвеното Море.

Бунтовничката група Хути, која ги контролира најнаселените делови на Јемен и е поврзана со Иран, со месеци организира напади врз бродови во Црвеното Море во знак на солидарност со Палестинците во конфликтот со Израел во Појасот Газа. паг/

Фото: Википедија

 

 

Остани поврзан