Алушовски со проверени сили на вечерашниот дуел со ПСЖ
- Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер вечерва од 20:45 часот го играат последен домашен натпревар од Лигата на шампионите, а противник им е ПСЖ
Битола, 4.март 2026 (МИА) – Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер вечерва од 20:45 часот го играат последен домашен натпревар од Лигата на шампионите, а противник им е ПСЖ. Пред полни трибини битолчани ќе играат против еден од најдобрите европски екипи, но екипа која имаше променливи резултати во ова натпреварување.
Тренерот на Е.Пелистер Стевче Алуошвски со проверени сили и со новото зимско засилување Никола Граховац ќе игра против ПСЖ.
- Ни гостува гигантот ПСЖ кој оваа година во првата полусезона не играше според очекувањата. Се работи за тим составен од голем број француски репрезентативци и интернационалци кои се едни од најдобрите на своите позиции, така што ни следи тежок меч, со многу трчање, доколку успееме да го контролираме нивното темпо кое го наметнуваат при транзиција, имаме добри шанси да бидеме во добро светло. Со наша добра игра и карактер, да извојуваме добар резултат. Последен меч за нас дома, ПСЖ не доаѓа секој ден во Битола, па се надевам на голема поддршка и ги повикувам сите љубители на ракометот, заедно да направиме еден добар и историски резултат за нас, изјави Алушовски.
До крајот на натпреварите во групата Еурофарм Пелистер покрај вечерашниот дуел ќе има гостување против Барселона на 11.март. мн/
Фото: Фејсбук РК Еурофарм Пелистер