• среда, 04 декември 2024

Алтернатива: Повикуваме на разумност и зрелост на граѓаните, да не станат жртви на подбуцнувањето од неуспешните политичари

Алтернатива: Повикуваме на разумност и зрелост на граѓаните, да не станат жртви на подбуцнувањето од неуспешните политичари

Скопје, 3 декември 2024 (МИА) - Централното претседателство на Алтернатива ги осудува сите постапки што ги повредуваат мирот и безбедноста и повикува на разумност и зрелост од страна на граѓаните за да не станат жртви на подбуцнувањето од неуспешните политичари. 

-Централното претседателство на Алтернатива на редовниот состанок, меѓу другото, разговараше за актуелната политичка ситуација и општата безбедносна состојба во земјава, што според Алтернатива, е повредена со поттикнување на одредени деструктивни сили од опозициско потекло, кои сè уште не можат да се помират со фактот дека се во опозиција, се наведува во вечерашното соопштение на партијата.

За Алтернатива „индикативно е дека овие инциденти се случуваат токму во времето кога се случуваат и српските напади на Северот на Косово“.

Алтернатива ги осудува „сите постапки што ги повредуваат мирот и безбедноста и повикува на разумност и зрелост од страна на граѓаните, повикувајќи ги да не станат жртви на подбуцнувањето од неуспешните политичари, кои фрлаат камен и ја кријат раката“.

- Во оваа прилика, освен што ја поздравува претпазливоста на Министерството за внатрешни работи, Алтернатива ги охрабрува органите на прогонот да бидат на врвот на нивните должности и да не дозволат на кој било начин да се загрози безбедноста на граѓаните. Исто така, Централното претседателство на Алтернатива, го повикува Уставниот суд да не експериментира со своите права и обврски, што влијае на унапредувањето на правото на албанскиот јазик, бидејќи тоа може да биде удар за меѓуетничките односи во нашата земја и посветеноста на Северна Македонија кон интеграција во Европската Унија, се додава во соопштението. бд/дма/

Фото: Алтернатива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан