• среда, 25 декември 2024

Алтернатива излегува од Владата, но ќе гласа за уставните измени

Алтернатива излегува од Владата,  но ќе гласа за уставните измени

Тетово, 12 февруари 2023 (МИА) - Тројцата пратеници на Алтернатива ќе дејствуваат како опозиција, нивните функционери ќе се повлечат од функциите, но доколку има уставни измени ќе гласаат за. Ова се заклучоците од денешното двочасовно Централно собрание на кое стотина членови на Алтернатива решија да се повлечат од извршната власт.  

Партискиот претседател Африм Гаши посочи дека нивните довчерашни партнери ја преминале и последната етичка линија и немале трпение да ја почекаат одлуката на Централното собрание. Нивната забелешка е поради тоа што сметаат дека во јануари 2022 Алтернатива придонесе за стабилизација на Владата предводена од СДСМ.

Најтесното партиско раководство на Алтернaтивa попладне во 16 часот ја започна седницата на највисокото тело Централно собрание со цел да оформири став околу одлуката дали и понатаму да биде

-Тоа доволно говори за нивниот политички морал, ние денеска се собравме да ја донесеме нашата конечна одлука во однос на новонастанатите околности.  Како што јавноста знае, во јануари 2022 година, Северна Македонија беше пред Хамлетовиот предизвик на својот пат кон Европската Унија. Всушност, нејзиниот пат го подразбираше и патот на Албанија. Во тоа време, кога ситуацијата беше ваква, ние ја донесовме најхрабрата одлука, која нè прави горди и денес и која верувам дека ја ценат не само нашите структури и гласачи, како и нашите граѓани, туку и нашите сограѓани Албанци и западни сојузници. Со создавање на мнозинството кое не постоело тогаш, ние во јануари 2022 година овозможивме стабилизација на владата и државата, додека во јули 2022 година и официјално беа отворени преговорите за Европската унија и со тоа заврши тридецениската транзиција во нашите земји, рече Гаши, на прес-конференција по седницата на Централното собрание.

Тој смета дека по една година владеење оставаат десетици успешни проекти во здравството, дигитализацијата, енергетиката, на социјалните, културните и образовните прашања, без никаква корупциска афера. Рече дека се СДСМ со овој потег многу ќе ги загрози европските перспективи.

-Мислам дека со ваквите потези ќе произведе и дебаланс во меѓуетничките односи и така ќе растат некои радикални партии кои се против европските интеграции и затоа мислам дека е непромислено, многу ризичен потег за европските интеграции, но тие се самостоен субјект и така си решиле, иднината ќе биде сведок дали сме биле ние во право или тие.  Мислам дека тоа ќе предизивка меѓунационални недобри односи помеѓу овие две етникуми, а така некои политички партии кои се радикални во однос на меѓуетничките односи ќе креваат рејтинг, а утре со таков политички капитал ќе влезат во Собрание многу посилни и ќе предизвикаат многу поголеми проблеми. Најмногу што е битно за нас во ова време, што таквите партии можат да го стопираат европските интеграциски процес.Очекувавме, работевме сите заедно да имаме релаксација на меѓуетничките односи. Мислам дека вака ќе предизвикаме нерелаксирани туку тензични односаи особено меѓу македонската и албанската заедница, истакна Гаши.

Со поранешниот претседател на СДСМ, посочи, потпишале и објавиле политички и кадровски договори, како гаранција за спроведување на политичкиот договор. Според Гаши, точките од тој договор биле спроведени од нивна страна, а за жал, другата страна не го спровела во целост.

-На крај тие – еднострано, речиси брутално – го раскинија договорот и решија да го поделат патот со нас, вклучувајќи друга партија во парламентарното мнозинство. Ова говори многу, за жал говори лошо, за нив и не само за нив како партија, како субјект на кој не му е гајле за раскинување на договори и не ги почитува оние кои му го спасија животот, туку ова говори многу лошо и за земјата која цели кон европските вредности. Ако СДСМ оцени дека европските стандарди се кршење на договорите, ова е многу лоша вест за Северна Македонија, рече Гаши.ас/лв/

 

 

Остани поврзан