• среда, 25 декември 2024

Алонсо по ремито со Фредериција: Горд сум на изданието на мојот тим

Алонсо по ремито со Фредериција: Горд сум на изданието на мојот тим

Битола, 21 ноември 2024 (МИА) - Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер синоќа ремизираа (29:29) дома против Фредериција во осмото коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Битолскиот тим стигна до четвртиот освоен бод и се наоѓа на шестата позиција која води во осминафинале од елитното европско натпреварување.

Тренерот Раул Алонсо е задоволен од играта на неговите избраници и од поддршката од навивачите на „зелоно-белите“.

- За мене ова беше посебен натпревар. Имавме краток период за одмор и да се подготвиме заа ваков ривал беше проблем. Воодушевен сум од дочекот на навивачите и горд на борбата на теренот. Не се откажавме се боревме цело време и бркавме негатива. Во првото полувреме можеби не изгледавме најдобро, но во продолжение знаевме дека со помош на публиката може да се вратиме. Имавме шанси и да победиме, но ако не ги искористите шансите не заслужувате да победите, бодот сепак е добар за нас. Сега ќе одмориме пред лигашкиот натпревар, а потоа одиме на гости кај Веспрем. Се надевам нема да имаме проблеми со повреди, истакна Алонсо по натпреварот со данскиот претставник.

Во вториот одигран натпревар од осмото коло во групата А, Спортинг Лисабон го декласира ПСЖ со 39:28. зс/

Фото. Еурофарм Пелистер

Остани поврзан