• сабота, 21 декември 2024

Алонсо најмалку уште две години на патеките во Формула 1

Алонсо најмалку уште две години на патеките во Формула 1

Мадрид, 13 април 2024 (МИА) - Шпанскиот пилот Фернандо Алонсо по потпишувањето на новиот договор со Астон Мартин, соопшти дека најмалку до 2026 ќе биде дел од Формула 1.

- Дали ќе настапувам во 2027 година? Тешко да се каже. Не можам да предвидам кога ќе престанам да се тркам, кога ќе се повлечам од трките. Тоа сигурно нема да се случи во 2025 или 2026 година, бидејќи еден од мотивите беше да се влезе во новите регулативи и да се работи со Хонда. Останувам уште најмалку две години, изјави Алонсо за „F1 News“.

Алонсо го имаше своето деби во Ф1 во 2001 година. Тој е двократен светски шампион, трикратен вицешампион и освојувач на бронзени медали. 

Шпанецот е сопственик на рекордот по бројот на сезони во Ф1. Има учествувано 21 сезона и исто так аима рекордни 382 трки. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан