• петок, 08 ноември 2024

Ал-Наср му понуди 100 милиони евра на Мурињо за две сезони

Ал-Наср му понуди 100 милиони евра на Мурињо за две сезони

Мадрид, 12 април 2023 (МИА) – Португалскиот фудбалски стручњак и тренер на Рома, Жозе Мурињо е побаран да го води Ал-Наср. Според „Ас“, на Мурињо му бил понуден договор од 100 милиони евра за две сезони. Ова би му овозможило на Португалецот да стане најплатениот тренер во светот.

 

Сепак, според шпанскиот весник, Мурињо јасно ставил до знаење дека е фокусиран на работата во Рома и има намера да продолжи да работи во римскиот клуб.

 

Претходно беше објавено дека Ал-Наср сака да го отпушти Руди Гарсија, бидејќи ѕвездата во тимот Кристијано Роналдо е незадоволен од работата на Шпанецот. Роналдо е убеден дека Ал-Наср е способен да игра на повисоко ниво и да се бори за трофеи. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан