• понеделник, 29 јули 2024

Алмирон нов тренер на Бока Јуниорс

Алмирон нов тренер на Бока Јуниорс

Буенос Аирес, 11 април 2023 (МИА) – Аргентинскиот фудбалски гигант Бока Јуниорс го назначи за свој нов тренер 51-годишниот Хорхе Алмирон.

Аргентинскиот стратег на клупата на еден од најпознатите јужноамерикански клубови доаѓа на местото на Уго Ибара, кој на крајот на минатиот месец доби отказ.

„Среќен сум и благодарен за укажаната можност. Ги запознав играчите, а, исто така, возбуден сум што ќе ги запознаам и навивачите. На ова место барањата се многу високи. Како тренер ми беше сон да бидам тука, се надевам дека ќе ја подобрам екипата, играта и оти фудбалерите ќе се чувствуваат добро“, рече Алмирон.

Аргентинскиот тренер поголем дел од својата кариера како играч ја мина во Мексико, а во мексиканската лига и го почна својот тренерски пат, кој водеше низ аргентински клубови, вклучувајќи го Ланус, со кого во 2017 година стигна до финалето на Копа Либертадорес. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан