• среда, 25 декември 2024

Алкараз последен полуфиналист на Слемот шест кралеви

Алкараз последен полуфиналист на Слемот шест кралеви

Ријад, 17 октомври 2024 (МИА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз синоќа го победи Норвежанецот Холгер Руне со 2:0, по сетови 6:4 и 6:2 во четвртфиналето на егзибицискиот турнир „Слем на шест кралеви“ во Ријад, Саудиска Арабија.

Мечот траеше 1 час и 12 минути. Дваесет и едногодишниот Шпанец сервира шест асови, направи две двојни грешки и имаше три конвертирани брејк топки од пет шанси.

Алкараз во полуфиналето ќе се соочи со сонародникот Рафаел Надал.

Во другото полуфинале ќе се соочат Србинот Новак Ѓоковиќ и италијанскиот тенисер Јаник Синер. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан