• среда, 25 декември 2024

Алкараз избори учество на Завршниот АТП турнир

Алкараз избори учество на Завршниот АТП турнир

Торино, 25 септември 2024 (МИА) - Третиот светски рекет, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се квалификуваше за Завршниот турнир на АТП, објавено е на веб-страницата на организацијата.

Натпреварот ќе се одржи од 10 до 17 ноември во Торино, Италија. 

Пред Алкараз на Завршниот турнир се пласираа светскиот рекет број еден Јаник Синер и Германецот Александар Зверев.

Алкараз трет пат по ред ќе учествува на Завршниот турнир. Минатата сезона Шпанецот загуби во полуфиналето од Србинот Новак Ѓоковиќ, кој подоцна го освои трофејот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан