• среда, 25 декември 2024

Алкараз за финалето на Вимблдон 2024: Се трудам да не размислувам за одбрана на титулата

Алкараз за финалето на Вимблдон 2024: Се трудам да не размислувам за одбрана на титулата

Лондон, 13 јули 2024 (МИА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз објасни со какви размислувања доаѓа во финалето на Вимблдон 2024 година.

Дваесет и едногодишниот Шпанец е актуелен шампион на турнирот. Негов противник во финалето втора година по ред ќе биде Србинот Новак Ѓоковиќ. 

- Се трудам да не размислувам за одбрана на титулата. Одам на секој натпревар знаејќи дека постои можност да загубам. Секој натпревар е битка, противникот ќе ја покаже својата најдобра игра за да ве порази. Се трудам да се подобрувам секој ден. Чувствата се слични на оние минатата година. Работам на управување со стресот. Нервозата е нормална, но треба да се контролира, изјави Алкараз за „Tennis World“.

Одлучувачкиот натпревар на Грен слемот во Лондон ќе се одигра утре со почеток во 15 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан