• среда, 25 декември 2024

Алкараз го победи Пол и избори полуфинале против Медведев на Вимблдон

Алкараз го победи Пол и избори полуфинале против Медведев на Вимблдон

Лондон, 9 јули 2024 (МИА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го  победи Американецот Томи Пол во денешното четвртфинале на Вимблдон со 3:1, по сетови 5:7, 6:4, 6:2 и 6:2.

Мечот траеше 3 часа и 14 минути.

Алкараз сервираше 7 аса, направи 2 двојни грешки и реализира 8 брејк топки од 28. Американецот имаше 2 директни сервиси, 2 двојни грешки и 4 конвертирани брејк топки од 10.

Шпанецот во полуфиналето ќе игра против Русинот Данил Медведев.

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Лондон 63,5 долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан