• среда, 25 декември 2024

Алкараз втор пат по ред го победи Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон

Алкараз втор пат по ред го победи Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон

Лондон, 14 јули 2024 (МИА) - Третиот светски рекет, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз попладнево го победи Србинот Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон 2024 година - 6:2, 6:2, 7:6 (7:4).

Средбата траеше 2 часа и 30 минути. Алкараз сервираше пет пати ас, направи шест двојни грешки и реализираше пет брејк топки од 14 шанси.

Ѓоковиќ имаше осум асови, четири двојки и еден претворен брејк од три можности.

Алкараз вторпат по ред стана шампион на Вимблдон. Во минатогодишното финале, Шпанецот го победи Србинот во пет сета.

Вкупно, 21-годишниот тенисер веќе има четири победи на Грен слем турнирите. Претходно, тој триумфираше на Ролан Гарос (2024) и УС Опен (2022). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан