• четврток, 26 декември 2024

Алкантара се збогуваше од своите партнери од Баерн

Алкантара се збогуваше од своите партнери од Баерн
Лондон, 26 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Тијаго Алкантара им кажа збогум на соиграчите, објави „Сан“. Според изворот, 29-годишниот Шпанец се сретнал со партнерите во тимот на Минхен за да се збогува со нив пред да замине за Англија, каде играчот планира да ја продолжи кариера. Претходно беше објавено дека Алкантара не го обновува договорот со Баерн и има намера да се пресели во Ливерпул. Во сезоната 2019/20, фудбалерот одигра 35 натпревари за Баерн, на негова сметка се три гола и две асистенции. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на Шпанецот на 48 милиони евра. зс/

Остани поврзан