• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Алкалоид триумфира против Пролет во ракометната Суперлига

Алкалоид триумфира против Пролет во ракометната Суперлига

Скопје, 28 февруари 2025 (МИА) - Ракометниот клуб Алкалоид триумфираше против РК Пролет со 35:26 во меч од 20 коло кој се одигра во рамки на машката ракометна Суперлига.

Најдобар во победничката екипа беше Дамјан Митев со 11 голови, а Александар Петковски погоди шест пати.

Ракометарите на Кирил Лазаров по овој меч се на првото место со 36 бода но и натрпевар помалку од Еурофарм Пелистер.

Во следното суперлигашко коло за РК Алкалоид следи гостување кај тимот на МРК Куманово. дс

Фото: Фејсбук/ РК Алкалоид

Остани поврзан