• среда, 27 ноември 2024

„Алкалоид“ отвори нов шаховски дом во Скопје

„Алкалоид“ отвори нов шаховски дом во Скопје

Скопје, 21 септември 2022 (МИА) – Ново, модерно, катче наменето за шаховска едукација и турнирски натпревари за младите почнувајќи од седумгодишна возраст опреми фармацевтската компанија „Алкалоид“. 

Наставата во рамките на Шаховскиот клуб „Алкалоид“ ќе ја водат лиценцирани тренери на Светската шаховска организација (ФИДЕ), кои се истовремено најсилните македонски велемајстори, а ќе работат со најмладите во групи до 20 ученици. 

Почетокот на систематската работа со најмладите шаховски таленти, како што е соопштено, симболично го означи генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, со повлекување на првиот потег во симултанка со ФИДЕ – мајсторот и актуелна македонска шампионка Моника Стојковска. 

Новиот шаховски клуб, воедно, ќе биде отворен за сите шахисти и љубители на шахот, кои ќе имаат можност за едукација, дружење и настап на турнири. 

Според проценките на стручните експери и на педагозите, шахот придонесува за развој на когнитивните способности кај најмладите, ја подобрува концентрацијата при учењето, ги подобрува аналитичкото размислување, решавањето проблеми и носењето одлуки, а во голема мера овозможува и дружење и креирање тимски дух. 

Во насока на популаризација на шахот кај најмладите, шаховската игра од оваа учебна година ќе биде на листата изборни предмети во основните училишта за деца од прво и второ одделение. ег/бт/

Остани поврзан