Алкалоид одигра добро, не успеа да го изненади Силкеборг
- Екипата на Алкалоид го одигра својот четврти натпревар во EHF Европската лига. Синоќа како гостин во Силкеборг, македонскиот вицешампион одигра меч во кој рамноправно се надигруваше со данскиот состав, на нивни терен, но имаше и еден лош период на почетокот на вториот дел по кој натпреварот доби тек каков што му одговараше на противникот кој на крајот и ги освои бодовите со резултат 35:31.
Силкеборг, 22 ноември 2023 (МИА) – Екипата на Алкалоид го одигра својот четврти натпревар во EHF Европската лига. Синоќа како гостин во Силкеборг, македонскиот вицешампион одигра меч во кој рамноправно се надигруваше со данскиот состав, на нивни терен, но имаше и еден лош период на почетокот на вториот дел по кој натпреварот доби тек каков што му одговараше на противникот кој на крајот и ги освои бодовите со резултат 35:31.
Во првото полувреме по водството на Силкеборг, Алкалоид успеа во три наврати да дојде до израмнување, 13:13, 15:15 и 16:16, а на одмор се замина со резултат 17:16 за домаќините.
Почетокот на второто полувреме беше фатален за македонскиот тим и му даде поинаков тек на натпреварот. Слаба реализација комбинирана со технички грешки во првите осум минути со серија од 5:0 за Данците го реши мечот.
Најефикасен играч на натпреварот беше Марко Митев со девет погодоци без ниту едно промашување.
По четири кола во Ф-групата, водат Силкеборг и Војводина со по шест бода, Ла Риоха има три, Алкалоид е со еден освоен бод. зс/