Алкалоид го совлада Тиквеш во драматичен натпревар
- Ракометарите на Алкалоид остварија втора победа во плеј-офот од Суперлигата, откако во драматичен натпревар го совладаа тимот на Тиквеш со 26:25 (14:12).
![Алкалоид го совлада Тиквеш во драматичен натпревар](https://new.mia.mk/index.php/images/20240218210400_big_730x400_16.webp )
Скопје, 18 февруари 2024 (МИА) - Ракометарите на Алкалоид остварија втора победа во плеј-офот од Суперлигата, откако во драматичен натпревар го совладаа тимот на Тиквеш со 26:25 (14:12).
Алкалоид и Тиквеш одиграа одличен натпревар, како што доликува на едно дерби, се играше гол за гол, но на крајот пресуди искуството и победник од оваа пресметка излезе македонскиот вицепрвак.
Најпрецизен во таборот на Алкалоид беше Серафимов со осум гола, а еден помалку имаше Митев. Кај Тиквеш се истакнаа Обина, Манасков и Симиќ со по шест гола.
Со овој триумф ракометарите на Кирил Лазаров останаа непоразени и лидери на табелата.
На втората денешна средба, но во плеј-аутот, вториот тим на Пелистер беше подобар од Куманово со 25-19.дс
Фото: МИА