Алкалоид вечерва против Вест Виена, Лазаров бара поддршка од трибините
- Актуелниот македонски ракометен вицешампион Алкалоид вечерва во Скопје ќе го одигра првиот од двата дуели на домашен терен против австриски Вест Виена во рамки на третото коло од ЕХФ Европскиот Куп.
Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) – Актуелниот македонски ракометен вицешампион Алкалоид вечерва во Скопје ќе го одигра првиот од двата дуели на домашен терен против австриски Вест Виена во рамки на третото коло од ЕХФ Европскиот Куп.
Вечерашниот натпревар е закажан со почеток во 19 часот во салата „Автокоманда“, а реваншот е во истиот термин в сабота.
Тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров, на вчерашната прес – конференција ги повика навивачите во што поголем број да го проследат натпреварот и да дадат поддршка на неговите ракометари.
„Гледачите во рок од 48 часа ќе можат да гледаат два добри натпревари. Наша цел е победа, но за тоа треба да одиграме. Мораме да бидеме максимално сериозни во пристапот. Се надевам дека ќе има што повеќе публика во Автокоманда. Овие момци во периодот во кој измина заслужија да имаат поддршка, особено на европски натпревари“, изјави Лазаров.
Поуспешниот тим од пресметката меѓу Алкалоид и Вест Виена ќе обезбеди пласман во осминафиналето во третото по ранг европско клупско ракометно натпреварување. ег
ФОТО: РК Алкалоид/Фејсбук