• среда, 25 декември 2024

Али Хамнеи: САД продолжуваат со погрешни проценки

Али Хамнеи: САД продолжуваат со погрешни проценки
Техеран, 10 јануари 2022 (МИА) - Иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи изјави дека САД „продолжуваат да прават погрешни проценки“, исто како и пред иранската револуција во 1979 година. Тој учествуваше на состанокот преку видео конференциска врска што се одржа вчера во иранскиот град Кому. Укажувајќи дека Америка направила грешки во проценките пред револуцијата во 1979 година и испратила воени службеници да го поддржат иранскиот шах, Хамнеи нагласи дека САД „исто така направиле погрешни проценки и со убиството на Касем Сулејмани“.
Иранскиот генерал Касем Сулејмани беше убиен на 3 јануари 2020 година во напад со американско беспилотно летало во близина на аеродромот во Багдад. Во врска со нуклеарните преговори во Виена, Хамнеи истакна дека Иран никогаш нема да се предаде. - Преговорите, разговорите и односите со непријателот не значат предавање. Досега не сме се предале, а нема ниту во иднина, додаде иранскиот врховен лидер. гт/

Остани поврзан