• петок, 27 декември 2024

Али се пресели во Евертон, Тотенхем ќе добие 12 милиони евра по 20 натпревари на фудбалерот

Али се пресели во Евертон, Тотенхем ќе добие 12 милиони евра по 20 натпревари на фудбалерот
Ливерпул, 1 февруари 2022 (МИА) - Евертон објави за потписот на играчот од средниот ред Деле Али од Тотенхем. Клубот од Ливерпул потпиша договор со 25-годишниот Англичанец до јуни 2024 година. Претходно беше објавено дека Евертон ќе го добие Али бесплатно. Сепак, клубот ќе плати 12 милиони евра за него откако ќе има 20 настапи за „карамелите“. Покрај тоа, договорот предвидуваше големи бонуси, во зависност од нивото на игра на фудбалерот за врска. Во иднина, износот на трансакцијата може да достигне 35-45 милиони евра. Али беше во Тотенхем од 2015 година. Оваа сезона има 18 настапи за лондонскиот клуб во сите натпреварувања и постигнато два гола. зс/

Остани поврзан