Али Ахмети: Борис Трајковски беше политичар посветен на мирот и стабилноста во Република Северна Македонија и во регионот
- Денеска се сеќаваме на претседателот Борис Трајковски, 21 година од неговата трагична смрт во воздушната катастрофа што се случи на 26 февруари 2004 година, во која животот го загубија и членови на неговата делегација, објави претседателот на ДУИ, Али Ахмети на неговиот фејсбук профил.

Скопје, 26 февруари 2025 (МИА) - Денеска се сеќаваме на претседателот Борис Трајковски, 21 година од неговата трагична смрт во воздушната катастрофа што се случи на 26 февруари 2004 година, во која животот го загубија и членови на неговата делегација, објави претседателот на ДУИ, Али Ахмети на неговиот фејсбук профил.
- Борис Трајковски беше политичар кој, и покрај многуте околности и вонредните предизвици, беше посветен на мирот и стабилноста во Република Северна Македонија и во регионот. Неговата посветеност на соживот и напорите за одржување на демократските процеси се актуелни и денес, напиша Ахмети на фејсбук. цр/са/
Фото: принтскрин од фејсбук на Али Ахмети