• понеделник, 30 декември 2024

Алијев тврди дека азербејџанските сили го освоија градот Шуши, Ереван демантира

Алијев тврди дека азербејџанските сили го освоија градот Шуши, Ереван демантира
Баку, 8 ноември 2020 (МИА) - Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев денеска изјави дека азербејџанската армија го освои вториот најголем град во Нагорно-Карабах, Шуши. Ереван демантира дека Шуши е заземен од азербејџанските сили. Шушаи е град под контрола на Ерменците и е од големо значење за двете страни, бидејќи е лоциран на 15 километри од најголемиот град во Нагорно-Карабах, Стеанакерт. Во судирите во Нагорно-Карабах што почнаа на 27 септември помеѓу ерменските и азербејџанските сили загинаа најмалку илјада луѓе. Досега се прогласени три примирја, на 10, на 17 и на 26 октомври, но сите се неуспешни и продолжуваат судирите. ми/

Остани поврзан