• петок, 27 декември 2024

Алијанц: Европските влади да бидат внимателни кога трошат рекордни износи во корона-кризата

Алијанц: Европските влади да бидат внимателни кога трошат рекордни износи во корона-кризата

Њујорк, 6 октомври 2020 (МИА) - Европските влади мора да бидат внимателни кога трошат рекордни износи во корона-кризата, тврди извршниот директор на германската осигурителна компанија „Алијанц“, нагласувајќи дека многу граѓани може да се налутат поради големите сметки.

Пандемијата ги поттикна владите ширум светот да се задолжат за да и помогнат на економијата, да ја подобрат здравствената заштита и да заштедат милиони работни места.

- Многу компании-зомби преживуваат благодарение на државните пари, додека многу домаќинства се покажаа поотпорни отколку што мислеа некои“, изјави Бает.

Политичарите трошат рекордни суми пари, нагласи лидерот на Алијанц. Според него, ова е проблем што еден ден може да и наштети на социјалната кохезија.

- Нашите луѓе се очигледно попаметни од политичката класа, јас го велам тоа со должна почит, бидејќи некој ќе мора да ја плати сметката. Како работи едно општество каде што дел од општеството троши повеќе отколку што може да си дозволи, а другите треба да плаќаат за тоа? Поларизацијата е многу важен проблем, рече тој.

Додаде дека мора да бидеме многу внимателни. - Не верувам дека ова прашање е само од економски карактер, всушност станува збор за социјална кохезија, истакна Бает.

Многу финансиски пазари, рече тој, во моментов работат ирационално, делумно поради вишокот ликвидност и структурата на пазарот.

Претседателката на шпанската финансиска компанија „Сантандер“, Ана Ботин рече дека претстојат тешки времиња, имајќи предвид дека светот влегува во вториот бран на корона- кризата, а постои и можност за трет бран.

- Она што ме загрижува е она што следи, можното влегување во вториот бран, потенцијално во третиот во одреден момент, кога работите можат да станат многу потешки, рече Ботин.

Според неа, мора да бидеме многу внимателни „за да не повлекуваме стимулации или поддршка прерано“.

- Во исто време, мислам дека е многу важно да ги поддржуваме компаниите кои заслужуваат да останат живи и не само да споделуваат подеднакво со сите, рече таа. паг/

Остани поврзан