• четврток, 26 декември 2024

Алијанса за Албанците: Одлуката на Апелациониот суд за ослободување на Орце Камчев од притвор е скандалозна

Алијанса за Албанците: Одлуката на Апелациониот суд за ослободување на Орце Камчев од притвор е скандалозна
Тетово, 5 јануари 2022 (МИА) - Алијанса за Албанците денеска на прес-конференција ја оцени како скандалозна одлука на Апелационен суд за ослободување од притвор на бизнисменот Орце Камчев. Според нив, ослободувањето од притвор е направено со парите на граѓаните. - Деновиве во земјата медиумите известија за уште една друга скандалозна одлука на Апелациониот суд во Скопје. Се ослободува уште еден соработник на претходниот режим и на актуелниот хибриден режим предводен од Ахмети-Мијалков-Заев. На ист начин, како и многу други криминалци и Орце Камчев си ја купи слободата, еден од главните обвинети за најтешките дела на злоупотреба на парите на граѓаните. Камчев, исто како и Мијалков, си ја купува слободата токму со парите за кои постои сомнение дека ги има украдено од вашите џебови. Овој случај како и во претходните случаи, само го потврдува тоа што ние го констатираме со години. Во Северна Македонија мафијата создаде држава, мафијата добива државјанство, додека граѓаните коишто немаат 11 милиони евра се држат невини по затворите, истакна на прес-конференцијата Аднан Незири, пратеник на Алијанса за Албанците. Тој порача дека правдата доцни, но, не заборава, како и дека сите што треба еден ден, ќе одговараат, а невините граѓани ќе ја почуствуваат и уживаат слободата. ас/ар/

Остани поврзан