• недела, 24 ноември 2024

Алијанса за Албанците: Над 1600 членови го предложија Зиадин Села за претседател на партијата

Алијанса за Албанците: Над 1600 членови го предложија Зиадин Села за претседател на партијата
Скопје, 15 март 2022 (МИА) - Над 1600 членови на Алијансата за Албанците со свој потпис го предложија Зиадин Села за претседател на партијата. Од партијата потсетуваат дека според Статутот, кандидат може да се предложи со најмалку 400 потписи и најдоцна две недели пред одржувањето на Конгресот. - Согласно оваа статутарна одредба до завршување на рокот до кандидатската комисија е доставен само еден предлог. Над 1600 членови на Алијансата за Албанците со свој потпис го предложија Зиадин Села за претседател на Алијансата за Албанците, соопштија од партијата. Рокот за поднесување кандидатури за претседател на партијата заврши на 13 март во 24 часот. Изборот за претседател на Алијанса за Албанците ќе биде на Вториот конгрес што ќе се одржи на 27 март. Комисијата вчера ги верификувала членовите потпишани во оваа иницијатива, кои се од сите ограноци, од Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга и од руралните општини. - Членовите кои го дале својот потпис се валидни и овој предлог ќе биде проследен до Конгресот на гласање од делегатите, се вели во соопштението. Во однос на организацијата на Конгресот, од партијата информираат и дека во поголемиот дел од ограноците се одржани најголем дел од собранијата на подограноците и овој процес е кон заокружување. мс/сп/

Остани поврзан