• вторник, 24 декември 2024

Алијанса за Албанците го поздравува ставањето на Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД

Алијанса за Албанците го поздравува ставањето на Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД

Скопје, 20 јуни 2023

Алијанса за Албанците го поздравува прогласувањето на Рамиз Мерко за нон грата од страна на САД и интензивирањето на борбата против корупцијата.

Две години откако претседателот Бајден ја потпиша извршната наредба за проширување на американските санкции за да ја вклучи корупцијата како причина, Стејт департментот денеска го прогласи за нон грата Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга и член на Претседателството на ДУИ.


Според Стејт департментот, Мерко учествувал во значителна корупција, присвојувајќи средства на нелегален начин и мешање во судски и други јавни постапки. Како резултат на тоа, нему и на неговото потесно семејство им е забранет влез во САД.


Оваа денешна определба е сигнал кој има потенцијал да ја врати надежта во Северна Македонија. Од денес САД докажаа дека никој не е недопирлив. И честитаме на амбасадорката Агелер за нејзината доследност и предупредувањето дека ќе има други определби во текот на оваа година.


Корупцијата мора да има последици, но определбите нон грата не се доволни. Рамиз Мерко веднаш да поднесе оставка, а ДУИ да се огради од својот член на Претседателството. Обвинителството за корупција треба да отворат случај против Мерко за да обезбедат целосна одговорност за наводите на американскиот Стејт департмент и за да ја спроведат правдата.

Алијанса за Албанците

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан