• среда, 25 декември 2024

Алијансата за Албанците и Алтернатива: Работиме да го заштитиме Охридскиот договор од девалвација

Алијансата за Албанците и Алтернатива: Работиме да го заштитиме Охридскиот договор од девалвација
Скопје, 12 август 2021

Алијансата за Албанците и Алтернатива не само што не се против Охридскиот договор, туку работат да го заштитат истиот од било каква девалвација од луѓе како вас.

Ние добро ја разбираме загриженоста на ДУИ и мизерната ситуација во која тие самите избраа да бидат, по две деценискиот неуспех во спроведувањето на Охридскиот договор и во сите други сфери.

Почитувани господа, претпочитавте да бидете на панелот и придружувани само од Бранко Црвенковски, Хари Костов, Христијан Мицкоски, Љупчо Георгиевски и така натаму, како што покажува сликата подолу. Ние не сме виновни за ова, но никогаш не очекувајте да бидеме само ваша публика и гледачи на вашите неуспеси, како што не поканивте давајќи им збор само на гореспоменатите лица.

Ние секогаш ќе бидеме тука за да ги отстраниме вашите маски и украдените мандати, почнувајќи од локалните избори и веднаш потоа со парламентарните.

Лидерите на Албанците, г -дин Зиадин Села и г -дин Африм Гаши се тука, не затоа што сакате вие или не, туку затоа што тоа го сакаат Албанците.

  Алијансата за Албанците и Алтернатива _________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан