• сабота, 27 јули 2024

Алиу: Поткастот „Дигитална ера“ е дел од МИОА и ќе има четири сезони

Алиу: Поткастот „Дигитална ера“ е дел од МИОА и ќе има четири сезони

Скопје, 15 јуни 2023 (МИА) - Еден од начините како да комуницирате со општеството денес е форматот на поткаст. Креирањето на поткаст форматот за дигитална ера, што е дел од МИОА, ќе има четири сезони, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу на „Преспа форумот за дијалог“ во Струга.

- Прво, е да се запознаеме со човечките ресурси во институцијата и таа неформална комуникација со граѓаните, цениме дека ќе биде успешно пренесена. Должни сме да ги информираме граѓаните за капацитетите што ги имаме внатре и за процесите што институцијата ги прави. Вториот дел од поткастот ќе биде информирање на граѓаните за јавната администрација, политиките што ги креираме со експерти одвнатре и однадвор, понатаму ќе продолжиме со дигиталната трансформација, тука исто така, освен информации, ќе сакаме да ги информираме и да ги обучиме граѓаните како да стигнат до е-содржини со разни активности, мултимедијални содржини. И последната е транспарентноста и отчетноста, каде што заедно со новинарите ќе имаме сесии на активности во тој поткаст „Дигитална ера“, сѐ со цел граѓаните преку разни експерти, активности што ќе ги имаме, ќе бидат информирани за начинот на комуникација и можностите со кои може да стигнат до информации од јавен карактер, одговори Алиу на новинарско прашање околу неговиот поткаст.

Тој на прес-конференцијата изрази задоволство што на денешните средби со неговите колеги што ги имал во Струга, можел да ги информира за активностите и за политиките на МИОА. бд/сп/

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Остани поврзан