• четврток, 26 декември 2024

Алиу: Одобрени пет многу важни закони за граѓаните и државата

Алиу: Одобрени пет многу важни закони за граѓаните и државата

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) - Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу преку фејсбук страницата на Министерството соопшти дека денеска одобриле пет закони, кои како што потенцира, се многу важни и за граѓаните и за државата.

-Со олеснување кажувам дека денеска одобривме пет многу важни закони за мене како министер, така и за граѓаните на нашата држава - Закон за административни службеници, Закон за вработени во јавниот сектор и Закон за безбедност на мрежи и информациски системи и дигитална трансформација, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за електронско управување и електронски услуги и Предлог Закон за стручно усовршување и оспособување на административните службеници, наведува Алиу.

Ова, според министерот, е резултат на сите напори и реформи што се спроведени.

- Сакам да им се заблагодарам на екипите за напорната работа што ја извршија. Имавме бескрајни дискусии, се соочивме со бескрајни опции и на крајот сите се согласивме дека наша должност е да им го дадеме на граѓаните максимумот од продуктот на реформите, потенцираше Алиу на Фејсбук.

Алиу за утре најави и брифинг со новинарите, на кој ќе се разговара за овие закони. бт/бак/

Фото/ Фејсбук страница на Министерство за информатичко општество и администрација

Остани поврзан