• среда, 25 декември 2024

Алиу изразува солидарност со Словенија: Нашите мисли и молитви се со Вас

Алиу изразува солидарност со Словенија: Нашите мисли и молитви се со Вас

Скопје, 8 август 2023 (МИА) - Министерот за Информатичко општество и администрација, Азир Алиу изрази солидарност со народот на Словенија, откако земјата беше зафатена од катастрофални поплави, во кои загинаа најмалку шест лица и предизвикаа голема материјална штета.

- Дождовите и свлечиштата, кои започнаа во четвртокот, поплавија големи делови од Словенија. Ја изразувам мојата срдечна солидарност до народот на Словенија кој е погоден од катастрофалните поплави. Нашите мисли и молитви се со нив во ова тешко време. На повредените им посакувам брзо оздравување и контрола на ситуацијата, објави на социјалните мрежи Алиу.

Дождовите и свлечиштата кои започнаа во четвртокот, поплавија големи делови од централна и северна Словенија. аа/вг/

Фото: МИОА

Остани поврзан