• вторник, 24 декември 2024

Алиу: Естонија ја поддржува Северна Македонија за членство во ЕУ

Алиу: Естонија ја поддржува Северна Македонија за членство во ЕУ

Скопје, 5 септември 2023 (МИА) - Поддршката на Естонија за Северна Македонија на патот кон Европската Унија е важен знак на солидарност и соработка меѓу земјите од Западен Балкан и другите европски земји, смета министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

Тој е во службена посета во Естонија, во рамките на Дигиталниот самит во Талин (Talinn Digital Summit), каде секоја година се собираат лидери од целиот свет, за размена на перспективи и создавање идеи за тековните и идните предизвици.

Како што соопштија вечерва од МИОА, Алиу заедно со премиерот Димитар Ковачевски, се сретнал со премиерката на Естонија, Каја Калас.

Министерот изјавил дека Естонија продолжува да ја поддржува Северна Македонија за членство во ЕУ.

- Со премиерката Калас разговаравме за многу добрите односи, унапредувањето на соработката на различни области, со посебен акцент на дигиталното управување и ставовите на двете влади кон развојот и безбедноста на европскиот континент. Поддршката на Естонија за Северна Македонија на патот кон Европската Унија е важен знак на солидарност и соработка меѓу земјите од Западен Балкан и другите европски земји. Оваа поддршка е многу важна во евроинтеграцискиот процес на нашата земја, истакнува Алиу. бд/хс/

Фото: МИОА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан