• четврток, 26 декември 2024

Алити: За подобра системска подготовка за оданочувањето на капиталната добивка одлагање уште една годин

Алити: За подобра системска подготовка за оданочувањето на капиталната добивка одлагање уште една годин
Скопје, 23 септември 2022 (МИА) - Заради подобра системска подготовка за оперативната постапка на оданочувањето на капиталната добивка, апелираме на дополнително одлагање за уште една година поради потребата од нејзино поедноставување, рече претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити, коментирајќи го прашањето за оданочување  на капиталната добивка од вложувања во акции и во удели. Во воведното обраќање на Годишната конференција на Берзата во Охрид, Алити рече дека Комисијата го поддржува предлогот на Берзата постапката да се централизира во Централниот депозитар за хартии од вредност, со што, како што нагалси, сега предвидената сложена административна процедура  нема да претставува бариера за инвеститорите. Претседателката на КХВ истакна дека со користење на предностите на дигиталната технологија се зголеми способноста за да се делува брзо, ефикасно и решително. - Силно инвестираме во модернизацијата на ИТ инфраструктурата – вклучително со тоа да станеме еден од првите регулатори во земјата што целосно ги дигитализира процесите, зголемувајќи ја транспарентноста, а и нашата способност за надзор, нагласи Алити. Кога станува збор за интегритетот на пазарот, како дел од  проактивен односнос, посочи Алити,  јасно е демонстрирано дека не постои сценарио во кое ќе се прифати површното делување на филозофијата  „не прашувај-не кажувај-не делувај“. -Комисијата е отворена за бизнис, но не е отворена за субјекти кои не ги исполнуваат нашите регулаторни очекувања и легислативни барања. Не дозволуваме учество на субјекти кои можат да ја нагризат довербата на пазарот на капитал, порача Алити на 21. Годишна конференција на Берзата на која се анализираат трендовите на пазарот на капитал и економијата. Воведни обраќања  на отворањето на конференцијата имаа и министерот за финансии Фатмир Бесими и главниот извршен директор на Македонска берза АД Скопје Иван Штериев. лв/нд/

Остани поврзан