• среда, 27 ноември 2024

Алжир: Претседателските избори со над 48 отсто излезност

Алжир: Претседателските избори со над 48 отсто излезност

Алжир, 8 септември 2024 (МИА) - Излезноста на предвремените претседателски избори во Алжир изнесува 48,03 отсто. Оваа бројка ја соопшти претседателот на Независната национална изборна комисија, Мохамед Шарфи, пренесува Алжирското радио.

За највисоката државна функција се натпреваруваат тројца кандидати, меѓу кои и досегашниот претседател Абделмаџид Тебун, кој се кандидираше како независен кандидат. Набљудувачите го оценуваат Тебун како очигледен фаворит во трката.

Излезноста на последните претседателски избори, одржани во декември 2019 година, беше 39,88 отсто.

Резултатите од гласањето ќе бидат објавени подоцна денеска. Изборите беа одржани вчера. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан