• недела, 22 декември 2024

Ален Вајселберг ќе даде искази за дејностите на „Организација Трамп“ 

Ален Вајселберг ќе даде искази за дејностите на „Организација Трамп“ 

Вашингтон, 18 август 2022 (МИА) Поранешниот финансиски директор на семејниот бизнис на поранешниот претседател Доналд Трамп денеска се изјасни за виновен за тоа што во текот на 15 години му помагал на Трамп да затајува данок. 

Изјаснувањето е дел од договор со обвинителите со што тој може да се јави како сведок против компанијата на судењето што започнува наскоро. 

Финансискиот директор на „Организација Трамп“ (Trump Organization) Ален Вајселберг се изјасни за виновен за сите 15 обвиненија. Тој беше обвинет за избегнување даноци за раскошните дополнителни бенефиции што ги добиваше од компанијата, вклучувајќи плаќања за закуп на луксузен автомобил, кирија за стан на Менхетен и школарина за приватни училишта за неговите внуци. 

Вајселберг е единствената личност која досега се соочува со кривична пријава во долготрајната истрага на окружниот обвинител на Менхетен за деловните практики на компанијата. 

На самиот Трамп не му беа изречени обвиненија. 

-Ова изјаснување на вина директно докажува дека „Организација Трамп“ се занимавала со широк спектар на злосторнички дејности и го обврзува Вајселберг да даде непроценливи искази во текот на судкскиот процес, се вели во изјавата на окружниот обвинител на Менхетн, Елвин Брег. 

Договорот за признавање вина, исто така, бара од Вајселберг да сведочи вистинито како сведок на обвинителството кога на „Организација Трамп“ ќе ѝ се суди во октомври за поврзани обвиненија. Компанијата е обвинета дека помагала на Вајселберг и на другите директори да избегнат даноци на приход со тоа што не ги пријавувале точниот износ на нивните плати до даночната служба на САД. Тој е обвинет дека сокрил даноци на доход во висина од 1.76 милиони долари. 

Со тоа што склучи зделка со обвинителство тој најверојатно ќе плати казна од 2 милиони долари како казнени поени, неплатени даноци и проценти, и пет години условно. Во случај да не склучеше договор тој ќе се соочеше со 15 години затворска казна. 

Организација Трамп се занимава со управување на голф клубови, хотели и друга недвижност. Ако биде осудена, компанијата ќе треба да плати виско парични казни и други казнени мерки.  

Вајселберг рабетл во компанијата околу половина век. Откако беше обвинет истапи од  позицијата, но сеуште е во тимот на Трамп како постар советник. кб/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан