• недела, 24 ноември 2024

Ален Ајверсон му фрлил на Двејн Вејд чип од 1.000 долари на првата средба

Ален Ајверсон му фрлил на Двејн Вејд чип од 1.000 долари на првата средба
Мајами, 8 април 2020 (МИА) - Легендата на Мајами Хит, Двејн Вејд сподели смешна приказна уште од првиот пат кога се запознал со 11-кратниот учесник на „Ол-стар“ натпреварот, Ален Ајверсон. Во 2003 година, како дебитант, Вејд полетал во Порто Рико со поранешната ѕвезда на „жешките“ Еди Џонс, кој го запознал со легендарниот бек на филаделфија. Се разбира, во стилот на Ајверсон, нивната прва средба се случува во казино. - Бев со Еди Џонс, тој знаеше дека Ален Ајверсон е еден од моите омилени играчи, па сакаше да ме запознае. Тој ме запозна точно каде што играа. Ајверсон се обложуваше, а јас само стоев крај него. Ми фрли чип од 1.000 американски долари и ми рече: „Оди, изиграј го ова момче“. Така, одиграв 500 долари, а останатите 500 ги ставив во џеб, бидејќи тогаш немав толку многу пари, рече Вејд со насмевка.

Тагови

Остани поврзан