• среда, 13 ноември 2024

Алемани: Дембеле мора веднаш да ја напушти Барселона, ни требаат посветени играчи

Алемани: Дембеле мора веднаш да ја напушти Барселона, ни требаат посветени играчи
Барселона, 20 јануари 2022 (МИА) - Спортскиот директор на Барселона, Матеу Алемани, откри дека напаѓачот Усман Дембеле нема намера да го продолжи договорот со клубот и сака да го смени тимот. - Почнавме преговори со Усман и неговите агенти околу јули. Сите овие шест месеци имавме дијалог, клубот даваше различни предлози, обидувајќи се да најде можност да го задржи играчот, но сите овие предлози беа одбиени од агентите на играчот. Денес, 20 јануари, 11 дена пред затворањето на преодниот рок, јасно е дека Дембеле не сака да ја продолжи кариерата во Барселона. Тој повеќе не сака да биде дел од нашиот проект. Му кажавме на Усман дека веднаш треба да го напушти клубот. Очекуваме Дембеле да си замине пред крајот на јануари. Ни требаат посветени играчи , изјави Алемани за „Мундо Депортиво“. Дембеле е во Барселона од август 2017 година. Во сезоната 2021/22 тој постигна еден гол и направи две асистенции на 11 натпревари за каталонскиот клуб. Договорот на 24-годишниот Французин со клубот е со важност до крајот на јуни 2022 година. Претходно беше објавено дека главниот тренер на Барселона, Чави нема да го вклучи Дембеле во составот за Атлетик поради ситуацијата со договорот на играчот. зс/

Остани поврзан