• понеделник, 23 декември 2024

Алек Болдвин го очекува своето осмо дете

Алек Болдвин го очекува своето осмо дете
Лос Анџелес, 30 март 2022 (МИА) - Американскиот глумец Алек Болдвин и неговата сопруга, јога-инструкторката Хиларија го очекуваат нивното седмо заедничко дете. Инаку, тоа ќе биде негово осмо дете, бидејќи со Ким Бесинџер ја имаат ќерката Ајрланд Болдвин. - По многу подеми и падови изминатите неколку години, имаме причина за возбуда и големо изненадување... Уште едно „Болдвинито“ доаѓа оваа есен. Бевме прилично сигурни дека нашето семејство е комплетно, но бевме и повеќе од среќни со ова изненадување. Го споделувам со Вас мигот и, како што гледате, децата се многу возбудени, напиша Хиларија. Двојката ја потврди веста и за „Пипл“. - Една од најубавите работи што нашите деца ги доживеале со ова големо семејство е тоа - како љубовта се зголемува со секој нов член на семејството. Нашиот капацитет за љубов продолжува да се шири и едвај чекаме да го гушнеме новото бебе есенва, соопштија тие. си/гт/

Остани поврзан