• среда, 25 декември 2024

Алекс Сонг го тужи Сион и претседателот на клубот

Алекс Сонг го тужи Сион и претседателот на клубот
Сион, 29 март 2020 (МИА) - Камерунецот Алекс Сонг поднесе тужба против швајцарскиот клуб Сион и неговиот претседател. Поранешниот играч на Барселона и на Арсенал се реши на таков чекор по отказот што контроверзниот Кристијан Константин го потпиша за осум фудбалери кои одбија да се согласат на намалување на платите. Понудата на Константин се однесува на месечна плата од 12.000 евра што Сонг ја одби по што доби отказ, а потоа поднесе тужба. Тој се обрати и до Судот за спортска арбитража во Лозана и наскоро, во случајот, ќе биде вмешана и ФИФА. Играчот за врска ја почна кариерата во Бастија од каде за сума од 1.250.000 милиони евра направи трансфер во Арсенал. Од Лондон се пресели во Барселона по што неговата форма и кариера тргнаа по надолна линија. Покрај за Сион, за Арсенал и за Барселона, Сонг играше и за Рубин Казањ и Вест Хем. сѓд/ссм/

Остани поврзан